Неверојатна е приказната за фудбалската женска репрезентација на Канада која ја проследи контроверзија на Олимписките игри.
Имено, пред мечот од првото коло против Нов Зеланд, селекторката Беј Пристман и уште двајца помошници со дрон го шпионираа тренингот на првиот нивен ривал. За тоа си добија суспензии, а и репрезентацијата беше казнета со одземање на шест бода.
Казната дојде по првиот меч кој го добија против Нов Зеланд со 2-1, па на контото Канаѓанките имаа -3 бода.
Во второто и третото коло Канада ја победи Франција со 2-1, како и Колумбија со 0-1. Со тоа стигна до три бода кои беа доволни да се пласираат на второто место во групата и да го продолжат својот олимписки пат. Канаѓанките покажаа неверојатна присебност и решителност, а вакво подвиг не се памети.