Шпанскиот тинејџер Ламин Јамал го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи на Европското првенство, но сега се појави уште едно име.
16-годишниот Тауфик Сеиду кој е роден 20. јануари 2008 година доаѓа од Гана и е најголем талент во школата на Атлетико Мадрид.
Сеиду доби прилика и во припремите за новата сезона да се покаже пред луѓето во првиот тим кои се многу задоволни од она што го прикажал на теренот.
Иако е роден во Гана веќе запиша настапи за репрезентацијата на Шпанија до 16 години и Шпанците ќе направат се за да го задржат. Така Сеидиу ќе има прилика во иднина да избере за која репрезентација ќе настапува.
Ако судиме по случаите во блиска иднина Јамал имаше прилика да бира ја избра Шпанија, ист беше случајот и со Нико Вилијамс, па таков се очекува да биде и изборот и на Сеиду.
Сеиду е модерен играч за врска кој може да игра и како крило, се одликува и со одличен удар. „Марка“ најавува и дека ќе биде на списокот на пријавени играчи на Атлетико за новата сезона во Ла Лига.
Интересно е што во У15 тимот на Атлетико играше под водство на ветеранот Фернандо Торес кој го откри овој одличен фудбалер.