Најдобриот стрелец на ЕП бргу ќе ги „наплати“ добрите партии

by 24 фудбал
1 минути читање

Групната фаза на Европското првенство е завршена, а најдобар стрелец по три одиграни натпревари беше Џорџ Микаутадзе со три погодоци.

Грузиската ѕвезда блесна на турнирот во Германија, а овие настапи ќе му донесат и „унапредување“ во кариерата. Микаутадзе ги договори личните услови за трансфер во редовите на Монако од својот Мец. 23-годишникот ја прифати финансиската понуда на клубот од кнежевството и очекува разврска на ситуацијата по континенталниот собир.

Монако ја презентираше својата понуда до Мец, па останува да пронајдат заеднички јазик за трансферот.

Ова ќе биде најголем предизвик за младиот Микаутадѕе кој игра во солидна форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани