Најголемиот црногорски талент почна да ги одушевува сите во Јувентус

by 24 фудбал
1 минути читање

Најголемиот црногорски талент ова лето се пресели од Будуќност во Јувентус, каде што треба да биде дел од Некс Ген тимот кој се натпреварува во Серија Ц.

Сепак, според најавите од Италија многу бргу може да се случи Василије Аџиќ да добие „унапредување“. На подготовките меѓу двете сезони младиот Црногорец блеска и одушевува. Веќе Тиаго Мота има високо мислење за Аџиќ, па му се предвидува блескава иднина.

Слично е и во италијанските медиуми, каде што особено во оние од Торино му се посветуваат страници на младиот фудбалер. Аџиќ има само 18 години, речиси сигурно следната сезона ќе биде дел од вториот тим на Јувентус, меѓутоа многу бргу ќе тропне на вратата на првиот тим бидејќи има и што да покаже.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани