Најбизарната клаузула во фудбалот, еве за што Нејмар добивал по 200.000 евра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Договорот на Нејмар при трансферот во ПСЖ беше своевремено најбогат. Бразилецот за рекордна сума од 222 милиони евра се пресели од Барселона во Париз.

Според информациите, во првите три години заработуваше 70 милиони евра годишна плата, а потоа во следните три добиваше по 90 милиони само на основа на плата. Нејмар заработуваше и сериозно високи бонуси на различни основи.

Фудбалерот на Кристал Палас, Луис Брајон откри една интересна клаузула за бонус од договорот на Нејмар во времето во ПСЖ.

Член на стручниот тим од ПСЖ кој работел во времето на Меси, Нејмар и Мбапе ми раскажуваше за време на престојот во тренерска школа. Тоа е најлудата клаузула која ја имам слушнато во животот, а поврзана со Нејмар. Тој имал клаузула во договорот според која заработувал бонус од 200.000 евра секогаш кога по натпревар ќе им аплаудирал на навивачите пред трибината“, изјави Брајон.

Нејмар во моментов е член на Ал Хилал и во Саудиска Арабија одново има сериозно висок договор, а таму добива пари практично без да игра фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани