198
Германија беше елиминирана во четвртфиналето на Европското првенство по продолженија од Шпанија (2-1).
Овој натпревар го одбележа спорен момент при игра со рака на Марк Кукуреља во продолженијата. Судиите не досудија најстрога казна, а се водеа по новите правила и инструкции за вакви ситуации.
„Донесено е ново правило и се надевам дека одлуката не е погрешна. Судиите ги применија правилата и не досудија пенал. Не мислам дека сме украдени. За мене основно прашање е дали тоа правило има смисла, дали е логично. Ако ја погледнете положбата на раката, таа е оддалечена од телото“, прокоментира Нагелсман.
Иако имаа високи амбиции за освојување на турнирот, Германците се запрени во фазата на осумте најдобри.