Навивачите стравуваа: Познато колку ќе паузира Сака

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Арсенал викендов славеше победа против Тотнем во лондонското дерби со 0:1, меѓутоа по овој дуел навивачите беа загрижени за ситуацијата со Букају Сака.

За среќа на тренерот Микел Артета информациите кои денеска ги пренесуваат островски медиуми се добри.

Според најавите Сака ќе биде спремен да настапи во големото дерби против Манчестер Сити кое е закажано за 22 септември.

Пред тој натпревар против „граѓаните“, Арсенал во четврток ќе игра против Аталанта во Лигата на шампионите и за тој натпревар Артета нема да може да смета на услугите на Сака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани