Навивачите на Фиорентина се тепаа со полицијата, играчите ја смируваа ситуацијата (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фиорентина и Олимпијакос вкрстија копја во финалето на Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Италија втора година во низа се најде во битка за трофејот во ова натпреварување, против амбициозниот грчки ривал.

Иако се играше во Атина на „АЕК Арената“, правилата на УЕФА велат дека двете екипи мора да добијат по 10.000 билети. Така, голем број Италијанци допатуваа за финалето во главниот град на Грција.

Пред полувремето навивачите на Фиорентина се судрија со полицијата. Тоа ги натера фудбалерите да дојдат пред трибината и да се обидат да ја смират ситуацијата меѓу двете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани