293
Фудбалерите на Манчестер Сити дојдоа на чекор од одбрана на титулата шампион на Англија откако во 34. коло го победија Тотенхем со 2:0. На табелата сега тие имаат два бода предност во однос на Арсенал и потребно им е само да го победат Вест Хем за викендот во последното коло.
Еден од најдобрите во тимот на Гвардиола, посебно во последниот период е хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол кој прерасна во вистински миленик помеѓу навивачите.
Сега од фановите на „граѓаните“ Гвардиол доби и песна.
„Јошко Гвардиол, тој е Хрват, игра за Сити, многу го сакаме…“, се главните стихови од песната која навивачите на Манчестер Сити ја објавуваат на социјалните мрежи.