Откако пред неколку седмици навивачите на Милан ги предомислија челниците на клубот околу аквизицијата на нов тренер, сега ќе се обидат да го направат тоа уште еднаш.
Стефано Пиоли заработи отказ и по мечот со Салернитана си оди од клупата. Како прв и најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Пауло Фонсека. Португалецот без размислување би прифатил да седне на клупата на „росонерите“, а тој е идеално решение за политиката на управата бидејќи не би поставувал високи цели и барања за трансфери.
Тоа не им се допаѓа на навивачите, па слично како во случајот со Јулен Лопетеги, започна протест за аквизиција на Фонсека. Веќе еднаш им успеа со своите „закани“ да ја предомислат управата, па зошто да не се обидат уште еднаш…
Инаку, во последните неколку домашни натпревари најверните навивачи на Милан присуствуваа и седеа во тишина, без знамиња и песни кои се инаку стандардна појава за „Сан Сиро“. За последниот сезонски меч популарните „Курва Суд“ одлучија во второто полувреме со песна и аплаузи да ги испратат Оливие Жиру, Симон Кјаер и Стефано Пиоли.