Навивачите на Атлетико испровоцирани предизвикаа прекин во дербито! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Дербито меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид беше прекинато, откако гостинската екипа на „Ванда Метрополитано“ поведе (0-1).

Најжестоките фанови на домашниот тим почнаа да фрлаат со предмети кон голманот Тибо Куртоа. Иако можеби тоа беше испровоцирано од страна на голманот, судијата реши да го прекине натпреварот.

Играчите беа испратени во соблекувалната, а Коке и Хименез отидоа до трибината да се обидат да ги смират навивачите.

И покрај тоа судијата не се предомисли, па имаше петнаесет минути прекин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани