Навивач покажа како се добиваат 40.000 евра со еден шут (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Навивач на Спарта Прага веројатно цел живот ќе го памети натпреварот против Сигма Оломуц, иако неговиот тим загуби со 2-3.

Тој имаше среќа на полувремето да добие шанса да шутира од половина терен и да се обиде да добие награда. Целта беше мал правоаголник на средината на голот. Навивачот шутна со ефе и ниско, а топката заврши во обележаниот простор.

За овој погодок навивачот на Спарта доби награда од еден милион чешки коруни, а тоа е речиси 40.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани