Динамо Киев и Партизан вечерва ќе се сретнат во меч од второто коло во квалификациите од Лигата на шампионите, дуелот се игра во полскиот град Лублин.
Тренерот на Динамо Киев, Олександр Шовковски рече дека ќе нема официјален протокол пред мечот поради тоа што го сметаат Партизан за непријателски клуб.
Претходно беше забрането навивачи на Партизан да присуствуваат на овој натпревар, а целата омраза кон српскиот клуб е учеството на црно-белите на подготивтелен турнир во Москва.
„Несфатливо е зошто Партизан отиде во Москва на пријателски, „братски“ турнир. Тие играа натпревари против локални клубови и изразија солидарност со оние кои водат агресивна војна против нас, ја окупираат нашата земја, уништувајќи ги нашите градови и села, убивајќи и осакатувајќи наши луѓе и деца“, рече Шовковски.
„Поради сите споменати околности, прнудени сме да нема официјален протокол за натпреварот. Нашиот став се базира исклучително на постапките на Партизан кој отиде да игра во земјата која напаѓа и убива наши граѓани. Таквите постапки ги сметаме за непријателски кон нашиот клуб и нашата земја“.