На Гвардиола и Манчестер сити вакво нешто не им се случило шест години

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити вчера доживеа вистински дебакл во Лигата на шампионите во Лисабон од Спортинг избраниците на Пеп Гвардиола беа поразени со убедливи 4:1.

За „граѓаните“ тоа беше трет пораз во низа откако претходно победи славеа Тотнем во Лига Купот и Бормут во Премиер лигата. Три порази на клупата на Манчестер сити, Гвардиола немал шест години од 2018 година.

Меѓутоа сега е првпат актуелниот шампион на Англија да бие поразен во три различни натпреварувања (Лига Куп, Премиер лига, Лига на шампиони).

Во споменатата 2018 година Манчестер сити претрпе два порази од Ливерпул во Лигата на шампионите и еден од Манчестер јунајтед во Премиер лигата.

Викендов во Премиер лигата „граѓаните“ ги чека натпревар со Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани