Мурињо ја даде својата прогноза за Европски шампион, кажа и кој треба да ја добие Златната топка (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо на Европското првенство ќе биде присутен како фудбалски аналитичар за „ТНТ Спортс“, за овој канал тој ја даде и својата прогноза.

Мурињо верува дека неговата Португалија ќе го освои Европското првенство, а во финалето ќе игра против Англија.

Како селекции кои може да изненадат се Германија, Италија, Шпанија и Холандија. Сметајќи дека главни фаворити според него се Португалија, Англија и Франција.

Најдобар стрелец на ЕП очекува да биде Хари Кејн, а за најдобар фудбалер да биде прогласен Џуд Белингем.

Португалецот беше прашан и кој треба да ја добие Златната Топка, Жозе смета дека тоа треба да биде Винисиус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани