Мурињо посакува големо име во Фенербахче, се подготвува „бомба“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Жозе Мурињо сака да направи голем подвиг и во Фенербахче да донесе голема ѕвезда.

Според шпанските медиуми, Фенер покажал интерес за Илкај Гундоган чија иднина под тренерската палка на Ханси Флик е непозната. 33-годишниот фудбалер за врска има договор до следното лето, а двете страни имаат право да активираат продолжување на уште една. Сепак, ако Гундоган не е во плановите на тренерот, можеби ќе побара ново решение.

Мурињо го посакува Гундоган во редовите на својот клуб, а доколку успее да го доведе тоа ќе биде вистинска „бомба“. Доколку навистина искусниот фудбалер не е дел од плановите на Барса, не би бил скапа инвестиција со оглед на своите години и должината на договорот.

Илкај Гундоган во кариерата играше за Нирнберг и Борусија Дортмунд во Германија, потоа во 2016 година направи трансфер во Манчестер Сити и се задржа во клубот до минатото лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани