182
Падна договор, Алан Сен Максимин во наредната сезона ќе настапува за Фенербахче, тој во турскиот клуб пристигнува на едногодишна позајмица од Ал Ахли.
Пред да замине во Ал Ахли, Сен Максимин беше еден од најдобрите фудбалери на Њукасл.
Импресивниот играч од средниот ред прифатил за помала плата да настапува во Фенербахче.
Клучен за договорот бил Жозе Мурињо кој лично го убедил фудбалерот да дојде во Истанбул.