Во моменти додека шпанската репрезентација се подготвува за натпреварот против Франција во полуфиналето на Европското првенство, капитенот Алваро Мората најави заминување од репрезентацијата, но и од Атлетико Мадрид.
Мората е член на Атлетико од 2019 година со тоа што беше на позајмица во Јувентус каде што играше претходно од 2014 до 2016 година. Иако има важечки договор со Атлетико до крајот на сезоната 2016/2017 повторно се споменува можноста за негово заминување.
„Во фудбалот ништо не е невозможно, но понекогаш ми е тешко поради силните критики во Шпанија. Овој турнир сакам да го завршам на најдобар можен начин бидејќи ми е последен во дресот на репрезентацијата. Би можел да се простам по Европското првенство. Тоа можност, но не би сакал сега премногу да зборувам за тоа“, изјави Мората.
Шпанскиот напаѓач за Атлетико опдигра 154 натпревари во кои постигна 58 гола.