Мората: Никој не ме сакаше како Милан, затоа сум тука!

by riste
1 минути читање

Алваро Мората денеска на прес-конференција беше презентиран како ново засилување на Милан, шпанскиот напаѓач објасни зошто ги одбрал росонерите.

Мората се врати во Серија А, но овојпат ќе го носи црвено-црниот дрес на Милан.

„Имав многу можности да се вратам во Италија, но откако зборував со Златан и со тренерот, немав зошто да размислувам повеќе. Ниту еден тим не ме сакаше вака, ми изгледаше како веќе да сум фудбалер на Милан додека бев на Европското првенство и тоа ме правеше горд“, рече Мората.

„Сакам на Милан да му ја донесам втората ѕвездичка на дресот“.

„Не ми е грижа за постигнување 50-60 голови, сакам само да победувам. Сакам да победувам и да уживам, ова е тимска игра“.

Добредојде на Мората му посака и Златан Ибрахимовиќ кој беше заедно со него на прес-конференцијата.

„Најпрво сакам да му посакам добредојде на капитенот на Европскиот шампион, Алваро Мората, тој конечно е тука. Тоа што го баравме за напаѓачката позиција беше комплетен фудбалер, на теренот но и надвор од него“, рече Ибрахимовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани