Фудбалерите на Турција се радуваа на пласман во четвртфиналето на Европското првенство, откако ја совладаа Австрија со 1-2. Турскиот тим и покрај проблемите одигра одлична партија и ќе го продолжи патот на континенталниот собир.
По победата презадоволен од виденото беше турскиот селектор Винченцо Монтела.
„Покажавме тимски дух до последната минута. Првпат го покажавме тоа на гостувањето во Хрватска во квалификациите, потоа се загуби, ама сега успеавме да го вратиме. Многу сум среќен поради играчите. Одиме чекор по чекор. Имаме противник чии играчи ќе се борат како лавови. Ќе собереме ментална и физичка енергија и ќе го продолжиме својот пат. Овој тим игра со срце. Среќен сум што милиони Турци навиваат за нас“, изјави Монтела.
Турците ќе се судрат во Холандија во четвртфиналето, в сабота во 21:00 часот во Берлин.