381
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров со 2-0 го добија денешното финале во младинскиот фудбалски Куп против Пелистер и го кренаа престижниот трофеј.
Мрежите мируваа во првото полувреме, а самиот почеток на вториот дел го донесе првиот гол. Во 47. минута Македонија Ѓорче Петров поведе со 1-0, со гол на Алтин Алији.
Конечните 2-0 ги постави Никола Величковски со гол во 83. минута од натпреварот.