265
Фудбалерот од средниот ред, 19-годишниот Матеј Ангелов го комплетираше трансферот во Украина каде што потпиша за тимот на Черкаси.
Ангелов е играч кој настапува на позицијата последен играч за врска. Во Черкаси Ангелов ќе игра како позајмен фудбалер и по крајот на сезоната Украинците ќе одлучуваат дали ќе го откупат неговиот договор.ж
Изминатите четири сезони, Ангелов ги помина во тимот на Работнички и во ПМФЛ вкупно одигра 61 натпревар. Во овој момент тој е и репрезентативец во селекцијата до 21 година кај Драги Канатларовски.