160
Пред репрезентацијата на Македонија се два натпревари од Лигата на нации, најпрво гостуваме кај Фарски острови на 7. септември, а три дена подоцна ја пречекуваме Ерменија.
Еден од нашите фудбалери кои се во најдобра форма е Димитар Митровски кој настапува за Вараждин.
„Целта секако ни е првото место во групата, да се победат Фарски острови, ние влегуваме како фаворити, но ќе биде тежок натпревар, секој меч е тежок. Треба да се прилагодиме и на временските услови, таму и да држиме добра атмосфера за позитивен резултат“, вели Митровски.
„За националниот дрес треба секогаш да се дава 200 проценти. Секако дека важни ми се головите, но секогаш најважно е екипата да победи“.