Денеска на програмата се преостанатите натпревари од Лигата на шампионите, а на терените ќе излезат и двајца Македонци, Миовски со Жирона гостува кај Штурм, а Ристовски со Динамо во Загреб ја пречекува Борусија Дортмунд, дербито се игра на Енфилд каде Ливерпул е домаќин на Реал Мадрид.
Вчера Елмас не настапи за Лајпциг поради повреда, а од иста причина и Аријан Адеми нема да биде на денешниот меч против Борусија Дортмунд. Тоа значи дека Миовски и Ристовски се единствените двајца Македонци кои ова коло ќе играат во Лигата на шампионите.
Миовски по двата гола во Ла Лига против Еспањол со голема самодоверба ќе влезе во днешниот меч против Штурм и ќе се обиде да ги постигне и своите први голови во Лигата на шампионите.
Стефан Ристовски е стандарден во составот на Динамо Загреб, па така ќе биде и вечерва во дуелот со Борусија Дортмунд.
Ливерпул игра фантастично под водство на Арне Слот, а денеска има голем предизвик, на Енфилд доаѓа Реал Мадрид кој оваа сезона уште ја бара најдобрата форма.
Има уште еден интересен меч во Англија, а тоа е дуелот во Бирмингем меѓу екипите на Астон Вила и Јувентус.
Во Белград Црвена звезда го пречекува Штутгарт, овој дуел и мечот меѓу Штурм и Жирона се двата кои почнуваат од 18:45 часот, останатите се од 21.
Денешни натпревар од ЛШ:
Црвена звезда – Штугарт
Штурм – Жирона
Астон Вила – Јувентус
Болоња – Лил
Селтик – Клуб Бриж
Динамо – Борусија Дортмунд
Ливерпул – Реал Мадрид
Монако – Бенфика
ПСВ – Шахтар