Милер стана „крал“ и рекордер во Минхен, Баерн впиша втора победа во Бундеслигата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен славеше и на мечот од второто коло во Бундеслигата, но овојпат на својата „Алијанц Арена“ против Фрајбург со 2-0.

Баварците речиси рутински ја завршија својата задача и ги израдуваа навивачите на првиот домашен натпревар во сезоната. Резултатот го отвори Хари Кејн од пенал во 38 минута, а потоа во вториот дел стрелец беше и рекордерот Томас Милер.

Токму тој стана „крал“ и рекордер во Минхен. Томас Милер го запиша својот 710 натпревар во дресот на Баерн, со што се осамостои на „вечната“ листа и стана рекордер. На својот рекорден меч ветеранот успеа да постигне и погодок.

Инаку, претходно во попладневниот термин екипата на Хајденхајм беше убедлива против Аугсбург (4-0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани