Македонската фудбалска репрезентација денеска ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против селекцијата на Фарски Острови.
Иако поголем дел од јавноста ја гледа Македонија како фаворит, Милевски истакнува дека не чека сериозен противник и за позитивен резултат ќе мора да одиграме на највисоко ниво.
„Фарски Острови има квалитет и ќе бидат тежок противник. Нашата цел е првото место во групата и тоа е јасно, мораме да го дадеме својот максимум за да не зависиме од тоа како ќе одигра противникот. Станува збор за селекција која во минатото издание ја победи Турција и тоа воопшто не е мала работа.
Временските услови се такви какви што се. Токму затоа дојдовме еден ден порано, се надевам ќе бидеме спремни“, изјави Милевски.
По натпреварот со Фарски Острови на 10 септември во Скопје ќе играме со Ерменија.