Милан го пушти еден од најборбените играчи во Фиорентина

by 24 фудбал
1 минути читање

Во финишот на преодниот рок Милан почна да го „чисти“ својот тим и да ги продава фудбалерите на кои новиот тренер Пауло Фонсека не смета.

Еден од нив е и Јасин Адли, францускиот фудбалер со мароканско потекло. 24-годишникот беше еден од најблагодарните фудбалери во редовите на Милан, работеше напорно и кога не добиваше ниту минута од Стефано Пиоли, а кога и да беше на теренот оставаше свој максимум и се жртвуваше за екипата. Младиот фудбалер беше популарен меѓу навивачите и во тимот поради својата скромност, добар однос и почит кон сите.

Адли кариерата ќе ја продолжи во редовите на Фиорентина, каде што следната сезона ќе игра на позајмица. Потоа ќе биде откупен за 10 милиони евра, а Милан ќе има и процент од потенцијален следен трансфер.

Инаку, Јасин Адли потекнува од школата на ПСЖ, но се препорача во Милан додека играше за Бордо каде што беше најдобар играч во тимот. Минатата сезона за „росонерите“ одигра 33 натпревари во сите конкуренции и постигна еден гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани