Милан стана прв голем клуб кој воведе иновативна политика поврзана со породилното отсуство на фудбалерките.
По иницијативата која се споменуваше во минатите месеци, челниците на „росонерите“ потврдија неколку реформи.
Главниот механизам ќе биде автоматското продолжување на договорот за фудбалерка која би останала бремена во последната година од договорот. Соработката би била продолжена на уште една година со истите услови, а тоа би значело безбедност за фудбалерката.
Покрај тоа, Милан се обврзува за грижа на децата за време на спортските активности на нивните мајки, ќе покрива патни трошоци, сместување и летови, не само за детето туку и за уште една личност која би патувала со него и мајката.
Ова е еден од најголемите проблеми во женскиот фудбал, а Милан „повлече нога“ и се очекува другите да го следат по тој пат.