Меси: Што ми преостанува во фудбалот? Освоив сè што можев…

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси присуствуваше на доделувањето на „Марка“ каде што доби признание за фудбалер со најмногу трофеи.

Аргентинската ѕвезда доби прашање што му преостанува во кариерата, дали размислува за пензија и за неговите цели. Меси откри дека веќе ги има исполнето сите цели во кариерата, од аспект на освоени трофеи и слично.

Што ми преостанува во фудбалот? Фала му на Бога ги исполнив своите сонови. Најголемиот сон ми беше Светското првенство. Освоив сè што можев со клубот на својот живот Барселона, потоа кревав трофеи и со ПСЖ. Не можам да барам ништо повеќе. Во животот сè доаѓа со причина. Се трудам да живеам од ден во ден, ќе видиме што ќе се случи и не сакам да го забрзам времето. Сега се чувствувам добро и се надевам дека така и ќе продолжи“, изјави Меси.

Меси од 2023 година е член на Интер Мајами, откако претходно настапуваше за ПСЖ, Барселона и Њуелс Олд Бојс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани