Мбангула со ефектен гол го спаси Јувентус од првиот пораз сезонава! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус се извлекоа од пораз и одиграа реми против Болоња (2-2) во 15. коло на Серија А.

Натпреварот на „Алијанц Стадион“ во Торионо понуди голема борба, а домаќинот во последните минути стигна до бод и го избегна првиот сезонски пораз.

Резултатот го отвори Ндоје кој по половина час игра стрела за предност (0-1). На стартот на продолжението Томазо Побега ја удвои позитивата на Болоња во 52. минута. Десет подоцна Теун Копмајнерс успеа да погоди за намалување на негативата (1-2).

На крајот херој на Јувентус беше младиот Самуел Мбангула кој во 92. минута даде ефектен гол во гостинската мрежа за конечните 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×