Матеус го критикуваше Баерн: Купуваат играчи кои не им се потребни

by Стефан
1 минути читање

Според последнитеи нформации на медиумите, Баерн Минхен има напредок во преговорите со Џонатан Тах, но легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека гигантот од Минхен не треба да го доведе овој фудбалер.

Последните информации говорат дека двата клуба се договориле за оштета од 25 милиони евра, плус пет кои ќе бидат исплатени преку бонуси.

Но, според Матеус, Баерн прави погрешен потег бидејќи не се засилува на позициите каде што треба, туку само како што тој смета купува играчи да ја ослабе конкуренцијата.

„На Баерн воопшто не му е потребен Тах. Тие го купуваат за да го ослабат Баер Леверкузен. Видовте на Европското првенство колку Упамекано беше стабилен во одбраната кога ќе му дадете доверба. Тука се Ким, Дајер, Ито…кога е здрав Станишиќ може да игра како стопер, а можеби и ќе остане Де Лихт“, изјавви Матеус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани