323
Ливерпул води на Вила Парк уште на самиот старт од мечот благодарение на еден неверојатен кикс на голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез.
Аргентинскиот голман кој со една фантастична интервенција ѝ ја донесе круната на својата земја на Светското првенство, денеска го направи можеби најголемиот кикс во својата кариера.
Тоа требаше да биде една лесна одбрана по центаршут на Ливерпул, но Мартинез си ја смести во својата мрежа.