Екипата на Пари Сен Жермен славеше сигурна победа од 0-3 во дербито со Олимпик Марсеј.
Доминираа гостите од почетокот до крајот на натпреварот и заслужно ги освоија трите бода. Натпреварот беше решен во првите 45 минути кога ПСЖ ги постигна сите три гола, а во Марсеј колку и чудно да звучи можат да бидат среќни што поразот не беше и поубедлив.
Мрежата на домаќините по само седум минути ја погоди Невеш, а проблемите за избраниците на Де Зерби станаа поголеми кога Харит во 20. минута заработи директен црвен картон.
До крајот на првиот дел во листата на стрелци се запишаа Белерди и Баркола за конечни 0-3.
Во вториот дел ПСЖ пропушти бројни прилики и да го понижи ривалот. На табелата ПСЖ дојде до 23 бода, три повеќе од Монако на втората позиција, додека Марсеј остана трет со 17, колку што има и Лил.