Марко Џампаоло по две години се враќа во калчото, ќе води италијански прволигаш

by 24 фудбал
1 минути читање

Марко Џампаоло е назначен за нов тренер на екипата на Лече, наследувајќи ја клупата од Лука Готи кој доби отказ викендов.

Клубот кој котира на 18 место во Серија А реши дека е време за промена по лошата серија резултати, а клупата му ја довери на 57-годишниот стратег со доста искуство. Џампаоло стави потпис на договор до 30 јуни оваа година, а ако избори опстанок во лигата истиот автоматски ќе се продолжи.

Џампаоло во својата кариера тргна преку Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе и Емполи, а потоа ја презеде Сампдорија. Во овој клуб имаше најдобри резултати и се препорача за тренерското столче во Милан. Сепак, „росонерите“ му дадоа отказ по само седум натпревари.

Потоа работеше во Торино и последно ја водеше вторпат Сампдорија, но од октомври 2022 година е без работа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани