227
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марио Илиевски го постигна својот прв гол во европските натпреварувања откако погоди за ЦСКА Софија во Конференциската лига.
Македонскиот напаѓач погоди против Пафос од Кипар во рамките од квалификациите во Конференциската лига.
Илиевски најдобро се снајде во една мешаница и изедначи на 1-1.
Ова е втор гол за него во ЦСКА откако летово се пресели од Кишварда. Претходно погоди во бугарската Прва лига против Спартак Варна.