На репрезентацијата на Саудиска Арабија предводена од Роберто Манчини кој е најскапо платен тренер во светот не и оди. Изминатата вечер тие беа поразени од Јапонија всо 2:0 во групата „Ц“ во рамките од азискиот шампионат.
Јапонија е прва на табелата со девет бода и гол-тазлика 14:0. По четири бода во групата имаат Австралија, Саудиска Арабија и Бахреин, Индонезија е со три, Кина без бодови.
На Мундијалот пласман обезбедуваат двете најдобри репрезентации во групата, додека третата и четвртата играат бараж.
Поради се редат критики кон Манчини, а еден новинар го налути со прашањето дали смета дека ја оправдува својата плата.
„Сакаш да ти ја покажам мојата сметка во банка? Кога веќе толку те интересира…Прво ме прашувате зошто играм со четворица, потоа зошто не играм. Одлучете се“, изјави Манчини.
Манчини во Саудиска Арабија заработува 30 милиони евра годишно.