Манчестер јунајтед попладнево ги објави финансиските резултати за годината која завршува со 30. јуни, „ѓаволите“ пријавија рекордни приходи но и загуба од 113 милиони фунти.
Според правилата на Премиерлигата за Финансиски фер плеј, на клубовите им е дозволено да пријават загуба од 105 милиони фунти во последните три години.
Изминатиов период, на неколку клубови им беа одземени бодови, а во слични проблеми може да се најде и Манчестер јунајтед.
Клубот од Олд Трафорд ги објави финансиските резултати за годината која завршува со 30. јуни и пријави загуба од 113 милиони фунти.
„Ѓаволите“ и претходно беа во минус, па тоа значи дека во последните три години сега имаат загуба од 250 милиони фунти, односно 372 милиони фунти загуба во последните пет години.