Манчестер Јунајтед може да доведе засилување од Челси

by Стефан
1 минути читање

Иако засега не е познато што ќе се случува со тренерската позиција во Манчестер Јунајтед во јавноста се појавуваат фудбалери кои би можеле да бидат засилување за „црвените ѓаволи“ во јануари.

Лук Шо подолго време има проблеми со повреди, исто така и Тејлор Маласија, па на клубот без разлика кој ќе биде тренер потребен му е лев бек.

Како опција сега се споменува Бен Чилвел. Фудбалерот на Челзи подолг период е желба на Тен Хаг, а во јануари ако остане на клупата ќе се обиде да го доведе.

Енцо Мареска во Челси не смета на него и екс-играчот на Лестер одигра само еден натпревар од почетокот на сезоната и тоа во Карабао купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани