Манчестер Јунајтед има нова „деветка“

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед во следната сезона ќе има нова „деветка“, откако ова лето клубот го напушти Ентони Марсијал.

Дресот со бројот девет сега го наследи напаѓачот Расмус Хојлунд. Младиот Данец по доаѓањето од Аталанта на „Олд Трафорд“ ја задолжи опремата со број единаесет, но по една сезона реши да направи промена.

Во својата прва сезона во Манчестер Јунајтед данскиот напаѓач постигна 16 погодоци.

Деветката на Јунајтед во минатото ја носеле играчи како Енди Кол, Златан Ибрахимовиќ, Димитар Бербатов, Радамел Фалкао, Луис Саха, Ромелу Лукаку и Брајан Меклер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани