Eкипата на Манчестер Сити оствари голема победа откако судиите пресудија во нивна корист за спорот со правилата за спонзорство на првенството се незаконски.
Правилата на Премиерлигата за трансакциите со поврзани страни имаа за цел да ги спречат фирмите кои се поврзани со газдите на фудбалските тимови намерно да не плаќаат повеќе пари за соработка со клубовите.
Премиерлигата се обиде на ваков начин да ги запре контроверзните договори, откако бизнисмени од Саудиска Арабија го преземаа Њукасл.
Премиер лигата сакаше да ги запре богатите газди за зголемување на приходите на своите тимови без да ги прекршат правилата на финансискиот фер-плеј и поради тоа Премиерлигата го одби спонзорскиот договор на Манчестер сити кој беше постигнат со „Итихад Авиејшн Груп“ на крајот на 2023 година, како и вториот договор со банка со седиште во Абу Даби.