88
Руслан Малиновски доживеа хорор повреда во натпреварот меѓу Венеција и Џенова.
Украинскиот фудбалер за врска си го измести зглобот и заработи скршеница. Поточно тој има фрактура на потколеницата, а за тоа беше неопходна операција.
Неговиот клуб Џенова соопшти дека Малиновски е успешно опериран. Нему му е направен зафат на десниот зглоб и сега го очекува потешкиот дел, а тоа е заздравувањето.
За оваа операција е потребно доста време за рехабилитирање. Малиновски ја заврши сезоната и веројатно ќе може да се врати на фудбалот дури следното лето.