Од редовите на репрезентацијата на Чешка информираат дека членот на репрезентацијата и фудбалерот на холандски Твенте, Михал Садилек ќе го пропушти натпреварот со Македонија и Европското првенство поради бизарна повреда.
Искусниот 25-годишен фудбалер не се повредил ниту на тренинг, ниту на натпревар, туку при пад од велосипед.
При падот од Велосипед тој ја скршил ногата и се здобил со повреди на потколеницата поради што ќе му треба време за рехабилитација и нема да може да и помогне на репрезентацијата.
За репрезентацијата на Чешка тој собра 24 натпревар и постигна еден гол. Ќе потсетиме, оваа репрезентација утре ја очекува натпреварот против Македонија кој ќе биде последна подготовка пред ЕП. Мечот се игра од 18:00 часот.