Мала услуга за Македонија: Ерменија имаше 25 шута, а Фараните само два и победија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фарски Острови приредија изненадување со победата над Ерменија во Ереван (0-1) во петтото коло на Лигата на нациите – Ц лига.

Иако беа во подредена улога, со само два шута кон голот и погодок од белата точка на Давидсен гостите дојдоа до трите бода. Ерменците пак имаа катастрофална партија, бидејќи од 25 удари кон голот, а девет во рамките не успеаја да дојдат до гол.

Со оваа победа Фараните ѝ направија мала услуга на Македонија, бидејќи скокнаа привремено на второто место и имаат шест бода, а ние сме на 10.

Тоа значи дека Летонија е единствена репрезентација со математички шанси да ја достигне Македонија, меѓутоа треба да победи со повеќе од три гола, а потоа ние да загубиме и од Фарски Острови притоа Летонците да слават и со Ерменија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани