333
Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за патување во Хрватска за пријателскиот натпревар против оваа балканска репрезентација.
Пред заминувањето за Ријека нашите фудбалери имаа специјална гостинка во својот хотел во Скопје. Тоа беше една од една од најголемите балкански музички ѕвезди – Северина.
Столе Димитриевски и Александар Трајковски ѝ подарија два дреса на кои беше впишано и нејзиното име.
Македонија во понеделник ќе се судри со Хрватите во 19:00 часот, а потоа ќе патува во Чешка.