Македонските фудбалери летнаа кон Торшавн за стартот на Лигата на нациите (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација се упати кон следната своја дестинација, а тоа е Торшавн каде што против Фарски Острови ќе го отвори новото издание на Лигата на нациите.

На повеќе од 48 часа пред натпреварот Благоја Милевски и неговите избраници заедно со делегацијата од скопскиот аеродром со чартер лет отпатуваа кон Торшавн. Фудбалерите и стручниот штаб ќе имаат доволно време за аклиматизација и стабилизирање на фарските услови.

За попладнево во 19:30 часот е закажан првиот тренинг на стадионот „Торсволур“. Исто така Македонија ќе го има и официјалниот тренинг в петок во 13:00, а мечот се игра в сабота во 15:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани