Македонските фудбалери до 16 години го загубија вториот тест од Словенија

by 24 фудбал
0 минути читање

Репрезентацијата на Македонија до 16 години забележа пораз на вториот пријателски меч против Словенија од 0-5.

Пред два дена избраниците на Драган Начевски го победија истиот ривал со 2-0, а сега противникот успеа да слави во Скопје. Двете средби се одиграа на теренот „Петар Милошевски“ во склоп на Фудбалската федерација на Македонија.

Денес со головите на Богатинов и Пирц во првиот, како и Окановиќ и Шутало во вториот дел гостинската репрезентација дојде до убедлив триумф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани