140
Македонија Ѓорче Петров убедливо го совлада велешки Борец со 5-1 (1-1) во пријателски натпревар.
Средбата на стадионот во истоимената населба му припадна на фаворитот за освојување на ВМФЛ. Иако велешани успеаја да поведат во натпреварот со голот на Османи.
Следеше гол-шоу на „лавовите“. По двапати стрелаа Марио Станковски и Крсте Велкоски, додека точка на победата стави Атанасијески.
Во моментов во ВМФЛ има пауза која трае до следниот викенд, а причината е настапот на аматерската репрезентација на Македонија која вклучува доста играчи од второлигашките клубови во земјава.