Македонија У21 тргна во мини-подготовки за двата јунски теста (ФОТО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Репрезентацијата на Македонија до 21 година го имаше првиот собир пред јунските тест натпревари. Селекторот Драган Канатларовски ги собра играчите во Скопје и започне мини-циклус на подготовки во пресрет на дуелите со Полска и Босна и Херцеговина.

Стандардниот репрезентативец на Македонија до 21 година, Хамза Рамани даде свое видување за претстојните контролни дуели.

Овој квалификациски циклус го започнавме одлично, со издвоената победа над силната селекција на Шведска на гостински терен, но на другите натпревари кај што важевме за фаворити, не успеавме да го оправдаме тоа, одигравме лошо на тие натпревари, со што и ја загубивме можноста да се надеваме на висок пласман во овие квалификации.

Треба да се подобриме во неколку аспекти во играта. Мораме да поработиме на органиацијата на играта, како и самата реализација. Доколу ги подобриме овие клучни делови на нашата игра, верувам дека можеме да оствариме многу подобри резултати и да се натпреваруваме со било која селекција. Ние како професионалци секогаш сме подготвени да се ставиме на располагање на селекторот и неговиот стручен тим. Иако е крај на првенството, кога се работи за репрезентацијата тука сме да го дадедеме максимумот. Овие контролни натпревари ќе бидат одлична можност да ја подобриме нашата игра. Се надевам дека ќе оствариме позитивни резултати против Полска и Босна и Херцеговина“, изјави Рамани.

Првиот пријателски натпервар се игра против Полска на први јуни во Радом, додека само четири дена подоцна следи дуелит со Босна и Херцеговина во Кониќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани