Фудбалската репрезентација на Македонија вчера отпатува од Скопје кон Торшавн, каде што в сабота ќе се судрат со Фарските Острови во првиот меч од Лигата на нациите.
Благоја Милевски им даде кратко време за одмор на играчите, па неколку часа по пристигнувањето го свика и првиот тренинг. Фудбалерите имаа можност да ја почуствуваат подлогата со вештачка трева, а се тренираше и во релативно ладни услови за шести септември.
На ветер и во северни услови македонските фудбалери го одработеа првиот тренинг на „Торсволур“. За денес е закажан уште еден тренинг, оној официјалниот предвиден од УЕФА како и прес-конференцијата на која ќе се обрати селекторот Милевски и барем еден фудбалер.
Македонија е гостин на Фарски Острови, а натпреварот ќе се одигра во сабота во 15:00.