Ромелу Лукаку е фудбалер на Челзи кој е позајмен во редовите на Рома, по крајот на сезоната пак ќе се врати во таборот на „сините“.
Делува дека римјаните немаат доволно пари за да го откупат неговиот договор, па Челзи пак ќе мора да бара решение за напаѓачот кој им е прекуброен. Како опција за иднината на Лукаку се споменува нов трансфер на „чизмата“. Челзи се интересира за доведување на Виктор Осимен од редовите на Наполи, а ако таа зделка се комплетира на југот на Италија ќе имаат потреба од напаѓач.
Тоа би можел да биде токму Ромелу Лукаку. Белгиецот сезонава одигра 29 натпревари за Рома и постигна 16 погодоци, а делува дека играњето во Серија А за него е идеално. Освен за Рома во калчото Лукаку настапуваше и за Интер, додека минатото лето беше близу до трансфери во Јувентус и Милан, но тоа не се исполни.